Thursday, November 1, 2018

Том Филипс - Сонцето во март


Јасно ми е дека
во непознат град
сретнав непознат живот
одеднаш, неочекувано,
како сонцето во март.

Кажав „здраво“
и другиот живот
ми ја покажа картата
на тој непознат град,
потоа ме однесе дома.

Том Филипс
Препев на македонски јазик: Митко Гогов



_________________________________________

Том Едвард Филипс е поет, драматург и преведувач од Бристол, Велика Британија, кој во моментот живее во Софија, каде што неговата последна публикација "Непознати преводи" е издадена од издавачката куќа Скалино.