Friday, December 7, 2018

Митко Гогов - .легитимирање на ужасот


на столиците седат испокршени силуети
на робовите на пропаста,
занемена публика со сериски број.

со аплауз се поздравува секој нов чекор
на горчливиот живот.

секојдневието боцка од сите страни.

претворено е во наострен кактус
кој сите отровни игли
ги насочил кон нас.

во хаотичен транс луѓето се расфрлаат
со своите негативни особини,
за секое злонамерно дело
слават,
се гордеат.

ако треба да му се додели орден на ова време,
тоа сигурно би било орден за самоуништување.