Monday, December 19, 2022

Антониа Александра Клименко - Верникот (USA/ Франција)


Имам верба во темнината
што ме опкружува -
во светата неискажана молитва
нероденото дете
фотографијата која излегува на виделина


Толку сум мала во мојата инерција
како Ништо да не тече низ
вечната провалија на мојата осаменост
А сепак само надвор од длабочините
можам да се искачам подлабоко во Тоа
што ме држи отстранета
во знајното Непознато


Не знам дали сум
ѕвезда што тоне или изгрева
наутро или навечер
Што е важно?
Продолжувам да се качувам
надвор од себе
надвор од таа темна дупка
што еднаш пречесто ја копав


во Светоста
во Светоста
 
 
Слободен препев од англиски: kihuПотру