Saturday, October 22, 2011

Томаж Шаламун, VII, извадок

Колку тажно виси кошулата
што ја напуштило телото
а сепак е се' уште кошула
и во тоа е клучната точка на нашиот пораз
дали некогаш сте виделе стол
што трча од бањата кон кујната
или во обратен правец зашто тоа не е ни важно
и хистерично прашува
што ќе се случи со мојот задгробен живот
дали некогаш сте виделе балконска ограда
која вели доста ми е
доста ми е
доста ми е
и јас си го сакам својот мал живот
и мене мора нешто да ми припадне

Несфатливи се предметите во својата досетливост
недофатливи за бесот на живите

неранливи во непрекинатото истекување
не можеш да ги достигнеш
не можеш да ги зграпчиш
неподвижни во зеењето“

Радован Павловски

Високо пладне


Ќе се искачам ли во високото пладне
Во мигот на победата цвет венее
Ил’ зад мене ќе остане да тажи племе
Над цвеќето на љубовта
Во твојата љубов што го посадив
Не – не се плашам од ништо веќе
Споделувајќи чувства со народот
Нека бидам и распнат
Ќе се искачам ли во високото пладне
Каде го боцнав цветот на љубовта
Ил’ вода ќе потече
Па сé ќе однесе.



Прва од неговите „Три минијатури“


Две сини очи разматени.
Солзи ја корнат среќата.
Птицата одлетала во далечините
...а погледот немошен застанал
и се слепил за една јасика.

Мурат Исаку

Сакам да спијам да видам убав сон

но меѓу нас како да е скршен лебот,

а усните од умор на душата сол и' даваат...

.се обидува

Поезијата понекогаш
наликува
на детско раче
сака да улови сè

Потопена во центарот
на вселената
таа се обидува да се затвори

да го опфати плодот
совршено заоблен
но слаба е
се отвора
и плодот
сè потежок и поголем
паѓа

Тадеуш Ружевич