Saturday, October 22, 2011

Томаж Шаламун, VII, извадок

Колку тажно виси кошулата
што ја напуштило телото
а сепак е се' уште кошула
и во тоа е клучната точка на нашиот пораз
дали некогаш сте виделе стол
што трча од бањата кон кујната
или во обратен правец зашто тоа не е ни важно
и хистерично прашува
што ќе се случи со мојот задгробен живот
дали некогаш сте виделе балконска ограда
која вели доста ми е
доста ми е
доста ми е
и јас си го сакам својот мал живот
и мене мора нешто да ми припадне

Несфатливи се предметите во својата досетливост
недофатливи за бесот на живите

неранливи во непрекинатото истекување
не можеш да ги достигнеш
не можеш да ги зграпчиш
неподвижни во зеењето“

No comments:

Post a Comment