Showing posts with label Розе Ауслендер. Show all posts
Showing posts with label Розе Ауслендер. Show all posts

Sunday, December 4, 2011

СÈ УШТЕ СИ ТУКА



Исфрли го својот страв
во воздухот

Наскоро
времето твое ќе запре
наскоро
небото ќе порасне
под тревите
твоите соништа ќе потонат
во ништото

Сè уште
каранфилот мириса слатко
дроздот пее
сè уште можеш да љубиш
да даруваш зборови
сè уште си тука

Бити тоа што си
Давај го тоа што го имаш


Розе Ауслендер
[превод Н.М.]

Saturday, December 3, 2011

ОСТРОВОТ



Кога
се сретнавме на островот
сонцата беа извезени
во гоблен
каде што беше вбоден
здивот на водата

Во деновите на правта
сонцата се одделија
едно од друго
островот беше однесен за време на сушата
а ти лежеше како златна риба
во стаклен сад

И тие денови исчезнаа
Брегот на островот
го извезувам
в книга


Розе Ауслендер

[превод Н.М.]