Monday, October 10, 2022
На островот на благословените - Петар Чухов (Бугарија)
Слобода - Илхан Сами Комак (Турција)
Одведете ме одовде, видов толку многу работи
Сум видел толку длабоко, далеку. Долго, долго време сум тажен.
Дојде време за планински извори, за ветрови што дуваат
Во текот на жетвата и за
Времето за бескрајноста на моите растресени нозе,
упатен кон хоризонтот додека денот ја отвора својата голема врата
Разбери ме од мојот корен, а не од мојата гранка
Разбери ме од мојот сон, а не од животот што го живеев
Можеби огледалото е јас во парчиња
Познај ме по мојата смеа, а не по разговорот во огледалото.
Толку долго мојата улица беше преполна со човечко отсуство
Со бесзвучно искачување по бршленот
Голта: засенчена, расеана и секогаш на половина пат.
Тргнете ме од оваа стагнација
Видов толку многу од бездната, долго, долго гледав во неа
Празнината само се повторува.
Време е да кажеш дека си птица која се мокри на дождот
Време е да го вдишеш мирисот на почвата, да се наполниш, да растеш со неа
Спознај ме по мојата љубов, а не по мојата осаменост.
Разбери ме од она по што копнеам, а не од она што го изгубив
Разбери ме по моето детство, а не според сегашната моја верзија.
Доаѓам во потрага по тебе.
(Превод од англиски јазик: Митко Гогов)
Saturday, January 25, 2020
Мајкл Ротенберг - Три чекори до оплакување
Дождот се слеваше од таванот
Сè беше уништено
Сонував дека мојот тригодишен син се стрча кон мене
и ме бакна на устата
Го гушнав толку цврсто што се разбудив гушејќи се
Преголема кукавица сум за да извршам самоубиство
Како алтернатива
Ветив дека ќе престанам да употребувам интерпункции
Friday, December 7, 2018
Митко Гогов - .легитимирање на ужасот
Thursday, November 1, 2018
Том Филипс - Сонцето во март
Friday, December 16, 2016
Маја Клариќ - На твојот гроб
Повеќе не сум сигурна
Зема ли Бог повеќе од што дава
И каков е тој Бог кога раката му е толку груба
Кој не се јавува
Кој никогаш не одговара
Го чувствувам само
Топлото сонце кое се појавува
Во моментот кога си родена
Ветерот кој ги откинува
Лисјата од ружа во моите раце
Со солзи го полеваме местото
На кое твоето тело
Го пуштивме назад во земјата
Поради нив на пролет
Од тебе ќе никне цвет
Така би требало да биде
Нов живот би требало да никне
Од гробовите
Превод: Митко Гогов
Monday, April 11, 2016
Јехуда Амихај - Да заборавиш некого
да го изгаснеш светлото во дворот одзади
та тоа останува запалено и утре преку цел ден.
Препев: Виктор Шиков
Friday, February 19, 2016
Лидија Димковска - Отпадоци
поштенски марки и разгледници,
ги редите посветено во фиоки и кутии,
смешкајќи се дури жена ти ви дофрлува
„само ѓубре правите“,
а не знаеш дека одненадеж ќе дојде ден
или поскоро ноќта на тој ден
кога газ преку глава ќе се тетеравиш по гаќи
по помошните скали од влажно железо
тресејќи се во спротивна насока од домот,
со раце празни како ископан гроб
и тупаници црни од ударите во пламенот,
нуркаш надвор од дијаметарот на божјата волја,
гледаш зад себе, а нив ги нема, далечен крик и штама,
гол и мал под млазот што те враќа во живот,
а сам го туркаш во спротивната насока,
само да умреш сакаш, да издивнеш под ќебето зад грмушката.
Тие се мртви.
Без прсти пребираш во реата, еве го зеленото ќесе со лушпи од портокали,
со обвивки од чоколатцата што ги купи враќајќи се од работа,
со крајчето од последната салама и смачканите кутијки сокчиња
што ги испија децата пред да си легнат,
сè што ти остана од вас, од твојот живот во кој си сега сам,
ги душкаш, ги бакнуваш и секоја лушпа ја составуваш во целост,
трошките од чоколатцата ги собираш во златца, крајчето од саламата
те замелушува со една позната домашност,
врз сламките од сокчињата е последната плунка на твоите деца.
Ова зелено ќесе со отпадоци е сè што е твое сега.
„Треба да се почне од почеток“, ти велат.
А ти би знаел како да почнеш од средина, како да го смениш старото,
како да е подобро, поубаво, посакано,
а кога мртвите не се веќе живи
никој не знае како да почне ни од крај ни од почеток.
Знаеш, добро знаеш како животот се претвора во отпадок,
но не знаеш како овие отпадоци да ги претвориш во живот.
Wednesday, February 17, 2016
Трите најчудни зборови - Вислава Шимборска
Кога го изговарам зборот Иднина,
првиот слог веќе припаѓа на минатото.
Кога го изговарам зборот Тишина,
ја нарушувам.
Кога го изговарам зборот Ништо,
чинам нешто што ниедно небитие не може да го содржи.
